На ден 14.03.2019 Ромскиот Ресурсен Центар организираше родителска средба со родителите на децата од градинката ЈОУДГ „8ми Април“- Шуто Оризари.
Родителската средба е организирана во рамките на проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование” имплементиран од страна на Ромскиот Ресурсен Центар во партнерство со Асоцијација за Демократски Развој на Ромите – Сонце, со проектен код ECD-MAC-01, и е финансиран од Европската Унија / DG NEAR, а е менаџиран од страна на Ромскиот Образовeн Фонд од Будимпешта, чии таргет Општини се Скопје, Тетово и Гостивар.
Целта на родителската средба беше да се објаснат позадината и активностите на проектот, да се споделат искуства и да се слушнат ставовите на родителите.Дополнително на средбата се дискутираше за улогата на родителите и важноста од нивното вклучување за поддршка на нивните деца во образовниот процес и раниот детски развој.