Двајца експерти, заедно со претставници на Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и Центарот за семејно и детско згрижување КМОП – Атина, направија мониторинг на проектот Поддршка на ромската заедница за подобра транзиција во училиште. Овој проект го реализира Здружението на граѓани ЛИФЕСТАРТ – Растеме и учиме заедно, Битола со цел да обезбеди стимулативна средина за олеснување на транзицијата и вклучувањето на децата Роми во системот на образование и превенцијата од прераното осипување. Грантот за организацијата е доделен во рамки на проектот “Градење на посилно граѓанско општество за унапредување на напорите за образовна инклузија на Ромите” кој е финансиран од Делегација на Европска Унија во Македонија во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015. Проектот го имплементираат Ромскиот Ресурсен Центар – Скопје и Центарот за семејно и детско згрижување КМОП – Атина.
Two experts, together with representatives of the Roma Resource Center from Skopje and the Center for Family and Child Care KMOP – Athens, monitored the project Support of Roma community for better transition in school. The project is implemented by the Association of citizens LIFESTART-Growing and Learning together, from Bitola who’s goal is to provide a stimulating environment for facilitated transition and inclusion of Roma children in the education system and preventing from early dropouts. The Association is one of the grantees within the framework of the project “Building a stronger civil society for boost efforts for educational inclusion of Roma”, funded by the Delegation of the European Union in Macedonia within the IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015. The project is implemented by Roma Resource Center -Skopje and Family and childcare KMOP – Athens.