Социјални активности со учениците вклучени во проектот

Социјални активности со учениците вклучени во проектот “Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основно образование во Р. Македонија” за учебната 2015/2016

Ромскиот Ресурсен Центар во рамки на проектот “Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основно образование во Р. Македонија” финанскиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта и Министерството за образование и наука во партнерство со АДРР СОНЦЕ-Тетово, на 28.05.2016год.(Сабота) во ОУ.Браќа Рамиз и Хамид организираше турнир во мал фудбал со учениците кои посетуваа туторска настава оваа учебна година.
Целта на овој настан беше да се одбележи завршувањето на оваа учебна година и туторската настава заедно со учениците.
На добитниците на I, II, III и IV место им беа доделени симболични награди како благодарност за учеството.

Благодарност до ОУ.Браќа Рамиз и Хамид и ОУ. 26ти Јули за поддршката при реализација на проектот Туторство оваа година, благодарност и до туторите за несебичното вложување во процесот на Туторство, благодарност до партнерите на проектот, благодарност и до колегите од РРЦ без чија помош не би можеле да го организираме успешно овој настан.
Честитки до победниците на турнирот во мал фудбал, уживајте во распустот се гледаме на туторство во септември со нови сили