Со повеќе програми за едукација на Роми до поактивна заедница
Селма Еминоска е студентка во втора година запишана на општа медицина и е решена да ги сруши стереотипите меѓу луѓето за Ромите. Таа е корисник на стипендијата која е дел од програмата на Ромскиот ресурсен центар и Фондацијата отворено општество, и смета дека се потребни уште многу вакви стипендии кои ќе го олеснат пристапот до образование на Ромите.
„Јас сакам да бидам една од многуте што ги има денес кои ќе покажат дека не сите Роми не учат, дека не сите Роми се такви како што мислат луѓето, дека не сите прсти се исти. Сметам дека е важно да продолжат ваквите стипендии бидејќи има деца коишто се со капацитет и има деца коишто сакаат да учат, но поради финансиската положба во којашто се наоѓаат, тие и нивното семејство, не можат да си го пружат тоа….прочитајте ја веста целосно