На ден 26.02.2020 година тимот ангажиран за Општините Тетово и Гостивар одржаа средба со туторите од Гостивар се со цел да се направи увид и прегледување на досегашните активности како и редовноста и напредокот на децата Роми на туторските часови.
Проектот е финансиран од Европска Унија и Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта. Проектот е менаџиран од Ромскиот образовен Фонд а го имплементираат Ромскиот Ресурсен Центар Скопје (РРЦ) и АДРР – Сонце Тетово. Проектот ги опфаќа општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.