Средба со декани и професори од Педагошките факултети и Педагогија

Средба со декани и професори од Педагошките факултети и Педагогија

На 10.07.2017 Ромскиот Ресурсен Центар и НВО СОНЦЕ од Тетово реализираа средба со Деканите на Педагошките факултети и Филозофскиот факулет во Скопје. Настанот се реализира во рамки на проектот “Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основното образование во Македонија”. Целта на средбата е да се разговара и осигура долгорочната одржливост на проектот преку вметнување на предметот Менторство/Туторство во рамки на наставните програми на факултетите кои продуцираат наставни кадри во Македонија. Проектот финасиски и технички е поддржан од Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта, а во соработка со Министерство за Образование и Наука.