Старт на туторска настава за учебната 2016/ 2017 година

Старт на туторска настава за учебната 2016/ 2017 година

Ромскиот Ресурсен Центар во рамки на проектот “Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основното образование во Р.Македонија” е во завршна фаза со подготвителните активности на туторската настава .

Туторската настава ќе започне најдоцна од 15ти Септември 2016 година.
Туторската настава како минатата година така и оваа, се организира и ќе се реализира во 36 основни училишта и во 18 општини во Република Македонија. Во рамки на проектот ќе бидат ангажирани околу 130 тутори, а се очекува да бидат вклучени околу 1.700 ученици Роми кои учат во четврто, петто и шесто одделение.

Ромскиот Ресурсен Центар изразува голема благодарност за соработката и поддршката во имплементацијата на проектот од Министерството за образование и наука, единиците на локалните самоуправи во 18те општини, училиштата, Педагошкиот факултет Св.Климент Охридски во Скопје и 10те партнерски невладини организации.