Тренинг за социјално претприемништво

Тренинг за социјално претприемништво

На 18, 19 и 20 септември 2017 година РРЦ организираше тренинг со 30 тина млади невработени Роми на тема социјално претприемништво. Преку дружење, смеење и работа РРЦ ги воведе младите Роми во терминот социјално претприемништво и ги запозна со можностите и бенефитите кои ги нуди социјалното претприемништво за инклузија на маргинализираните групи на граѓани на пазарот на трудот. Покрај едукацијата, преку овој тренинг РРЦ ги подготви младите Роми за учество на натпреварот за најдобра бизнис идеја од областа на социјално претприемништво кој ќе се реализира после средината на месец октомври 2017 година.

Овој тренинг се имплементира во рамките на проектот Инклузија на Ромите преку социјално претприемништво, кој е финасиран од Европската Унија. Проектот го имплементира Националниот Центар за Развој на Иновации и Учење преку Претприемништво (НЦДИЕЛ) – Скопје во партнерство со YOU net од Италија.