Трети декември меѓународен ден на лица со посебни потреби

ТРЕТИ ДЕКЕМВРИ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА КАКО МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ.
Но не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите.
Најмалку што можеме да направиме е со својот личен пример и влијание да придонесеме за подигнување на свеста и односот на нашите сограѓани кон лицата со посебни потреби и за нивно активно вклучување во општествените текови, заедно да се бориме за нивна инклузија во сите сегменти во општетствениот систем.
Секој ден да ни биде 3ти декември затоа што со помош на сите нас тие можат да успеат.
Некој/а е посилната, а некој/а е послабата карика во овој систем, но секој/а од нив, има вредности и способности со кои еден друг се надоградуваме, поддржуваме, охрабруваме, инспирираме“