Туторите преку стимулативни игри ги поттикнуваат децата за решавање на проблеми

Денеска беше одржан последниот ден од обуката наменета за туторите ангажирани во рамки на ,,Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование”.

Денешниот ден беше фокусиран на дидактички и стимултивни игри преку кои туторите ќе поттикнат поголем интерес кај децата за решавање на проблемите со помош на стимулативни игри.
Исто така координаторот на компонентата за основно образование ги објаснуваше дијагностичките тестови, начини на пополнување на дата база, извештаите и другите документи и на крај беа споделени сертификати за сите тутори и учесници.

Проектот е имплементиран од страна на Ромскиот Ресурсен Центар во партнерство со Асоцијација за Демократски Развој на Ромите – Сонце, со проектен код ECD-MAC-01, и е финансиран од Европската Унија, а е менаџиран од страна на Ромскиот Образовeн Фонд од Будимпешта, чии таргет Општини се Скопје, Тетово и Гостивар.