Од 01 Јули 2014 година Ромскиот Ресурсен Центар почна со имплементација на проектот „Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основното образование во општина Шуто Оризари“. Проектот финансиски и технички е поддржан од страна на Ромскиот Едукативен Фонд – Будимпешта.
Туторска поддршка на учениците Роми кои учат во второ, трето и четврто одделение во ОУ Браќа Рамиз и Хамид во општина Шуто Оризари
Од 01 Јули 2014 година Ромскиот Ресурсен Центар почна со имплементација на проектот „Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основното образование во општина Шуто Оризари“. Проектот финансиски и технички е поддржан од страна на Ромскиот Едукативен Фонд – Будимпешта.
Главна цел на проектот:
Придонес кон зголемување на проодноста и образовните резултати кај учениците Роми кои учат во второ, трето и четврто одделение во основното образование на ниво на општина Шуто Оризари.
Специфична цел на проектот:
Обезбедување на дополнителна образовна (туторска) поддршка за најмалку 500 а највеќе 750 ученици Роми кои покажуваат слаби образовни резултати а се вклучени во второ, трето и четврто одделение во рамките на ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во текот на учебната 2014/15 година.
Целна група на проектот
Директна целна група на проектот: Најмалку 500 а највеќе 750 ученици Роми кои учат во второ, трето и четврто одделение во ОУ.
Индиректна целна група на проектот:
- 54 дипломирани Роми и не-Роми и студенти кои студираат во Скопје на факултети кои продуцираат наставнички кадар;
- Најмалку 1000 највеќе 2000 родители Роми од Шуто Оризари чии деца се вклучени во проектот;
- Вработените наставници во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“;
- Ромската заедница во општина Шуто Оризари.
Партнери на проектот се:
- Општина Шуто Оризари;
- Основното Училиште “Браќа Рамиз и Хамид”;
- Министерството за образование и наука / Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците;
- Педагошки Факултет “Св. Климент Охридски-Скопје”;
- Филолошки Факултет “Блаже Конеевски – Скопје”;
- Филозофски Факултет –Скопје (Институт за Педагогија);
- Природно математички Факултет – Скопје;
Овој проект претставува пилот проект кој за прв пат се имплементира во општина Шуто Оризари. Имплементацијата на проектот ќе трае до 30 Јуни 2015 година.