Училиштата и градинките ќе се затворат по препорака од владата на Република Северна Македонија како мерка за спречување на ширењето на вирусот COVID 19

Од 11.03.2020 година високо образовните установи, средните и основните училишта, како и градинките во целата држава нема да работат и ќе бидат затворени во наредните 14 дена.

Деновиве во Република Северна Македонија почнуваат да се појавуваат случаеви заразени со Корона вирусот COVID 19. Со цел да се заштитат децата, учениците и студентите и да се намали можноста за проширување на вирусот, владата донесе мерки за затварање на високо образовните институции, средните училишта, основните училишта и градинките во цела држава.

Мерките ќе важат од 11 до 25.03.2020 година

Ромскиот Ресурсен Центар ќе ги почитува мерките и препораките на државните институции и Владата, и ќе прекине со спроведување на проектните активности за основно и предучилишно образование, во насока на спречување на можноста од ширење на вирусот.

Ромскиот Ресурсен Центар ќе превземе активности за зголемување на степенот на информираност на ромската заедница на локално ниво за поголема заштита на населението од ширење и заболување од Корона вирусот COVID 19.