Проектот е наменет за градење на капацитетите на членовите на РРЦ преку овозможување на институционална поддршка во вид на обезбедување финансии за канцелариски простории, финансиски надоместок за двајца вработени како и поддршка за канцелариски трошоци и материјали неопходни за функцнионирање на организацијата.
Проектот е наменет за градење на капацитетите на членовите на РРЦ преку овозможување на институционална поддршка во вид на обезбедување финансии за канцелариски простории, финансиски надоместок за двајца вработени како и поддршка за канцелариски трошоци и материјали неопходни за функцнионирање на организацијата.
Проектот започна со имплементација од 01 Април 2010 година и ќе заврши на 31.12.2010 година.
Долгорочна цел на проектот
Континуирано подобрување на социо-економските капацитети кај Ромската заедница преку анализа на потребите, консултации, обучување и информирање.
Целна група
– Ромски семејства со ниски примања;
– Семејства/млади брачни парови кои користат и/или планираат да користат услуги од финансиски институции;
Опис на Активности
1. Анализа на потребите и идентификување на целната група
2. Спроведување на обуки на тема “Управување со долг“
3. Зајакнување на внатрешните капацитети на организацијата
Очекувани резултати
1.1. Анализирани потреби од обуки на 500 ромски семејства со ниски примања во пет општини;
1.2. База на податоци за потенцијални корисници на обуки на РРЦ;
2.1. Спроведени 12 обуки во три општини на теми “Управување со долг“;
2.2. Едуцирани 150 семејства од три општини за примена на техники за управување со долгови;
3.1. Обучени 15 членови на организацијата за користење на претпристапни европски фондови, мониторинг и евалуација.
3.2. Подготвено портфолио на тренинзи на организацијата;
Проектот за Градење на капацитети на Роми обучувачи и имплементација на обуки “Управување со долг“ започна со имплементација на 01 Април 2010 година.
Опис на имплементирани активности и постигнати резултати
1. Анализа на потребите и идентификување на целната група
РРЦ во текот на 2010 година продолжи со анализа и скенирање на теренот, идентификување на реалните потреби од обука помеѓу ромската популација како и соодветно идентификување на целната група за обуките.
1.1. Спроведување на истражување
Во периодот помеѓу Мај и Јули спроведе истражување при што беа анкетирани 96 семејства од општините: Пробиштип, Делчево, Куманово, Кочани и Св. Николе.
1.2. Анализа на податоци
Податоците од истажувањето беа обработени во веќе постоечката база која РРЦ ја има развиено, во формат МS Acces. Базата нуди можност за детален преглед на испитаниците, нивните одговори како и анализа на целокупното истражување.
2. Спроведување на обуки на тема “Управување со долг“
Врз основа на претходно адаптираниот модул “Управување со долг“, РРЦ продолжи со имплементација на останатите обуки на тема “Управување со долг“.
РРЦ спроведе шест обуки во следните општини: Пробиштип (2 обуки) Кочани , Делчево, Св. Николе и Куманово.
Со обуките беа опфатени вкупно 96 учесници на возраст од 18 до 55 години. Просечно, по обука учествуваа 16 учесници. По завршувањето на обуките, учесниците во евалуациите изразија голема благодарност за организирањето на обука од ваков тип поради дополнителното стекнато знаење за финансиските услуги кои ги нудат институциите како и полесно справување со постоечките долгови како теми кои им се од огромно значење.
Дополнително, од истражувањето се покажа студентите кои се корисници на стипендии имаат потреба од обука од областа на финансиска писменост. За таа цел РРЦ спроведе обука на тема „Планирај ја својата иднина“. На обуката присуствуваа 7 студенти. За време на обуката се користеше Learning by doing методологија која им овозможи на студентите практично да ги разработат алатките со помош на обучувачите. По завршувањето на обуката, учесниците во рамки на своите евалуации изразија голема благодарност за организирањето на обука на тема “Планирај ја својата иднина“ и ги поздравија методите и алатките застапени во обуката оценувајќи ја обуката во голема мера корисна за нив.
3. Зајакнување на внатрешните капацитети на организацијата
Бидејќи сите членови на РРЦ не располагаат со еднакви предзнаења и вештини за имплементација на обуки на различни теми, РРЦ континуирано согласно потребите изготвува портфолио на тренинзи. Портфолиото им овозможува на сите членови да учествуваат во подготовката и преку методот на учење преку работа да се запознаат со темите од кои имаат помало познавање. РРЦ учествуваше на повеќе обуки, работилници и настани. Преку активното учество на истите, се овозможи стекнатото знаење тимот да го примени во работењето на РРЦ.
Во извештајниот период, тимот на РРЦ учествуваше на серија in-house обуки: „Бизниис план според ИПАРД“, „Маркетинг план“, „Локален економски развој“, „Користење на Microsoft Project“, „Стратешко планирање“, „Односи со јавност, „Пишување апликација според ИПА„. Како резултат на дел од тие обуки РРЦ продуцира свои документи (Стратешки план, Маркетинг план). Обуките се реализираа од страна на ФИООМ во соработка со Еуро Центар од Св. Николе.
Паралелно со градењето на индивидуалните капацитети на тимот на РРЦ за јакнење на тренерските вештини, РРЦ внатрешно се гради и на полето на генерирање на средства – подготовка и имплементација на предлог проекти.
Во рамките на серијата на обуки за градење на внатрешните капацитети на РРЦ, за време на обуките беше изработен маркетинг план на РРЦ и финална стратегија за периодот од 2011-2013.
4. Имплементација на обуки од различни теми во зависност од потребите
За време на проектниот период РРЦ беше ангажиран за спроведување на повеќе обуки:
– РРЦ потпиша меморандум за соработка со Националниот центар за развој на иновациите и претприемничкото учење (НЦДИЕЛ) и притоа беше ангажиран да спроведе 6 еднодневни модули за подготовка на бизнис план од вкупно 13 модули. Целата серија обука се реализираше во периодот од 26 октомври до 05 декември 2010 година. Обуките се оддржаа во просториите на Машинскиот факултет во Скопје каде што се наоѓа и седиштето на НЦДИЕЛ.
РРЦ во текот на 2010 година стапи во контакт со повеќе мрежи, во кои постана организација членка. Такви мрежи се Y – peer, Платфoрмата за борба против сиромаштија, ERGO Network itn.