Се реновираше кровот и подкровјето и на втората куќа во ромската населба блок 18 во општина Виница.
Во рамките на проектот е предвидено да се реновираат вкупно 22 куќи кои се во најлоши и штетни услови за живеење.
Овие активности се спроведуваат во рамки на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница -СДХ“. Проектот го имплементираат CELIM од Милано – Италија, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, општина Виница во соработка со Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за спроведување на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Р. Северна Македонија.
Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА 2 програмата од програмски акциски документ за 2017 година, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.