На Собранието за 2023 година, Ромскиот Ресурсен Центар ја усвое политиката за заштита на децата.
Со оваа политика се уредуваат принципите, правилата и вредностите за заштита на правата на децата во рамките на работата на РРЦ. Најдобриот интерес за децата е принципот кој не води кога работиме со деца.
Оваа политика ќе ни помогне да ги уредиме постапките и работата со деца во рамките на нашите активности, како и правилен и соодветен избор на професионалци и кадри кои би работеле директно со децата.
Согласно оваа политика се уредуваат правата и обврските на организацијата како и на сите вклучени експерти, професионалци и соработници кои директно работат со деца.
Во документот се наведени сите меѓународни акти, договори и декларации кои ги дефинираат правата на децата како и начинот на заштита на правата на децата.
Повеке детали можете да најдете во самиот документ прикачен подолу: