Жените Ромки во Прилеп учат за дигитална писменост!

Во рамките на проектот „Обезбедување на соодветни услови за живеење за ромската заедница во Прилеп – СДЛР“ се спроведува курс за дигитално описменување на жени Ромки.

Оваа активност е дел од програмата за зајакнување на вештините за вработување кај жените и младите Роми.

Во рамките на оваа програма се вклучени 130 млади и жени Ромки. Од нив интерес покажаа 70 лица од кои 57 се жени и девојки Ромки.

Во прилог можете да проследите промотивно видео за активноста за дигитално описменување на жените и девојките Ромки.