Во рамките на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ Ромскиот Ресурсен Центар заедно со КМОП од Атина изготвија препораки до национални и локални институции за унапредување на инклузивното образование на Ромите во Македонија.
Целта на овој документ со препораки и заклучоци е да се помогне на националните и локалните институции да ги унапредат политиките и програмите за образование на Ромите во Македонија.
Овој документ е изготвен врз база на анализа на националните политики и закони за образование на Ромите како и меѓународните политики и документи кои го поддржуваат инклузивното образование на ромската заедница. Дополнително во предвид се земени и наодите од теренското истражување кое беше спровведено во рамките на проектот.
Документот може да се превземе на следниот линк: EuropeAid-138660-ID-ACT-MK _1_D 1.3.1_Policy Recommendations Paper_v.2.0 (1)