Ромскиот Ресурсен Центар се придружува на акцијата за Денови за донирање и се организираат во рамките на проектот „Здружи се за заедницата“ кој го спроведува Здружението „Конект“. Проектот финансиски е поддржан од УСАИД.
РРЦ ја организира кампањата „ТОПОЛ ДОМ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ !“ како дел од проектот „Обезбедување на пристојни услови за живеење за ромските семејства“.
Донаторската акција се организира во недела на 26.11.2023 година, во новиот пазар „Амаро базар“ во општина Шуто Оризари. Почеток на акцијата е од 11:00 до 14:00 часот.
Целта на акцијата е да се подигне свеста на ромската заедница за важноста од солидарност, единство и емпатија и дека е време самите да си помагаме за самите нас, односно за оние на кои најмногу им е потребна помош, најзагорзените семејства.
Ова е само почеток за нешто подолгорочно кое веруваме дека ќе ни стане вредност кај секого од нас а тоа ќе можеме да го пренесуваме и на идните генерации.
Ги повикуваме сите пријатели и соработници, здруженија на граѓани, уметници, политички партии, и обичните граѓани да ни се придружат во недела во 11:00 часот и да ја покажеме нашата хуманост, солидарност, емпатија како и одговорност кон нашата заедница.