Kоординативна средба со локални партнери во рамки на проектот проектот “Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основно образование во Р. Македонија”
Ромскиот Ресурсен Центар во рамки на проектот “Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основно образование во Р. Македонија” ја организираше петтата координативна средба со партнерските НВОи во рамки на проектот.Целта на состанокот беше да се сумираат впечатоците од досегашната имплементација на проектот и да се дадат предлози за поефикасно справување со проблемите кои се јавуваат во текот на имплементацијата.
Покрај претставниците на НВОите и проектниот тим на РРЦ, на состанокот присуствуваше и Г-динот Реџеп Али Чупи претставник од Министерството за образование и наука како партнер на проектот и надворешниот консултант ангажиран во рамки на проектот Г-динот Љупча Спасов.