Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ – Скопје во партнерство со Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово веќе втора година го имплементира проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“.
Проектот е финансиран од Европската Унија. Проектот со импелементација започна да се спроведува од 01 Октомври 2018 година и ќе трае до 31 Јули 2021 година.
Проектот се имплементира во три општини во Република Северна Македонија: Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.
Проектот е дизајниран да придонесе кон подобрување на пристапот на ромските деца во предучилишното образование, да го олесни пристапот и запишувањето на ромските деца во основните училишта, да го поддржат образовниот напредок на запишаните деца, да го зајакнат капацитетот на родителите и врската помеѓу родителите и образовните институции во Македонија.
Проектот има две главни компоненти:
1.Поддршка на вклучувањето на децата Роми во предучилишно воспитание и образование и ран детски развој;
2.Поддршка на основното образование на учениците Роми преку обезбедување на туторска поддршка за учениците во прво, второ и трето одделение, ученици кои покажуваат слаби резултати по предметите мајчин јазик и математика.
Дополнително проектот е фокусиран и на подигнување на свеста на родителите за важноста од раното вклучување на нивните деца во воспитно – образовниот процес како и јакнење на вештините на родителите за поддршка на образовниот процес на нивните деца.
Целна група на проектот:
- Вклучени 207 деца Роми во предучилишните установи во Шуто Оризари, Тетово и Гостивар, на возраст една и две години пред поаѓање во основно образование;
- Вклучени 213 ученици Роми во програмата за туторска поддршка кои посетуваат прво, второ и трето одделение во општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар;
- Вклучени повеќе од 300 родители Роми во активностите на проектот.
Од средината на ноември 2019 година библиотеката со играчки е предадена во просториите и на користење на градинката „8ми Април“ во општина Шуто Оризари. Во рамките на библиотеката се обезбедени соодветни дидактички помагала и едукативни играчки. Сите вклучени деца во градинката имаат можност да ја посетат библиотеката со играчки каде што можат да поминат два пати неделно по два часа со специјален едукатор за библиотеката, да си играат со специјални играчки кои им помагаат полесно, правилно и соодветно да ги развијат нивните интелектуални, когнитивни и моторички способности и вештини
Повеќе детали за проектот и за библиотеката со играчки можете да најдете во прилог на видеото: