Програмскиот Директор на Ромскиот Ресурсен Центар со свое излагање во ромската редакција Бијандипе

Програмскиот Директор на Ромскиот Ресурсен Центар, Себихан Демировски, имаше свое обраќање во рамките на ромската редакција Бијандипе во МРТВ.
Себихан Демировски во своето излагање го презентираше проектот “Обезбедување на пристојни услови за домување за ромските семејства во општина Прилеп“ кој е финансиран од Европската Унија.
Голема благодарност до екипата на Бијандипе за можноста за медиумска презентација на активностите на Ромскиот Ресурсен Центар.
Целосното излагање можете да го слушнете на видеото кое е дел од овој пост.