Привремено ангажирање на 11 лица од социјално загрозени семејства во време на Ковид 19 во општина Виница

Последиците од пандемијата со КОВИД 19 најмногу ги осетија категоријата на најсиромашните граѓани. Пандемијата влијаеше многу врз стопанството, угостителството и туризмот и многу луѓе ги изгубија своите работни места. Особено голем проблем создаде и кај граѓаните кои работат неформална работа за да обезбедат минимална егзистенција за своите семејства. Со оглед на фактот дека ромската заедница е таа која најмногу е вклучена во неформалната работа, како најсиромашна и најмаргинализирана најсилно ги почуствува овие последици.

Со цел да се помогне да намалат последиците кај најсиромашните граѓани во општина Виница, во рамките на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница – СДХ Виница“ привремено се ангажирани 11 граѓани од ромската заедница кои се социјално загрозени и кои немаат можност да работат и да заработуваат поради пандемијата предизвикана од корона вирусот Ковид 19.

 

 

Овие лице се ангажирани да изведуваат градежни работи за реконструкција и реновирање на куќи на социјално загрозени ромски семејства како и на инфраструктурните активности како што се: игзрадба на улици, канализација и потпорни зидови во ромската населба во општина Виница.

Преку активноста за поддршка на вработувањето на 11 социјално загрозени лица, ЧЕЛИМ и РРЦ преку проектот помагаат на 11 семејства да обезбедат пристојни приходи во време на кризата со Ковид 19 со цел да се надминат проблемите со невработеноста и немањето можност да заработуваат соодветно додека трае кризата.

Работниците работат околу три месеци и ќе продолжат додека траат градежните работи во рамките на проектот.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дополнително, овие лице се вклучени да работат со искусни професионалци во областа на градежништвото, преку што се стекнуваат со дополнителни вештини и знаења за изведување на основни градежни работи, за да можат понатака полесно да се понудат на пазарот и да дојдат до соодветни приходи за егзистенција на нивните семејства.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

Проектот го имплементираат ЧЕЛИМ од Милано – Италија, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и општина Виница.

Проектот го имплементираат Челим од Милано – Италија, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и општина Виница.

Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА 2 програмата од програмски акциски документ за 2017 година, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.