Проект „Унапредување на интеграцијата на жената Ромка (PROMA)“

Проектот „Унапредување на интеграцијата на жената Ромка (PROMA) се фокусира на образование на возрасните со цел да се унапреди интеграијцата на жената Ромка во нивните локални средини преку образованието. Проектот ќе се имплементира во 4 земји кои имаат значителна бројка на ромска популација (Романија, Шпанија, Грција и Северна Македонија) и вклучува две целни групи: жени Ромки и формални и неформални едукатори за жени Ромки.

Во текот на 24 месеци, ПРОМА креативно ќе вклучи и ќе влијае позитивно на:

  • Најмалку 40 формални и неформални едукатори за жени Ромки;
  • Најмалку 100 жени Ромки од партнерските држави;
  • Најмалку 10.000 национални и ЕУ засегнати страни.

Повеќе детали можете да најдете во Вилтен број 1 кој е во прилог на постот.

Билтен број 1 PROMA проект