Целосна изградба на крак од улица Македонска во ромската населба во општина Виница во должина од 300 метри

Во рамките на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница -СДХ“ во периодов почна да целосна изградба на крак од улица Македонска во ромската населба во општина Виница.

 

 

 

 

 

 

 

Покрај другите активности како што се: реконструкција на 22 куќи на најзагрозените ромски семејства, легализација на 255 бесправно изградени објекти во сопственост на Ромите во општина Виница, изработка и усвојување на на Детален Урбанистички План за целата ромска населба во општина Виница, во рамките на проектот се работи и на подобрување на инфраструктурата во ромската населба, блок 18.

Се гради 300 метри улица која ќе го подобри пристапот на ромските семејства до главните улици во населбата како и посоодветен пристап на заедницата до јавниот живот и социјално – здравствени услуги. Веќе нема потреба да се оди по стар пат, кој за време на дождови е непрооден и непристапен, кој значително го отежнува животот на Ромите во општина Виница, особено за децата и старите и изнемоштени лица.

Се превземаат сите градежни работи, ископувања, тампонирање, поставување на соодветни канали за атмосферките води, поставување на бекатон плочки, поставување на странични блокови, итн.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со оглед на тоа што оваа улица беше целосно под мрак, во рамките на проектот истата улица ќе бида осветлена соодветно со поставување на најмалку 12 светла со комплет инсталација со столбови и светилки на соларна енергија преку што ќе се имплементираат иновативни решенија и користење на природните ресурси како енергија. Со тоа значително ќе се зголеми безбедноста и сигурноста во движењето на ромската заедница особено на децата и на старите лица.

     

 

 

 

 

     

 

 

 

 

 

Очекуваме дека со целосна изградба на улицата ќе се заврши до крајот на месец декември 2020.

Проектот го имплементираат ЧЕЛИМ од Милано – Италија, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и општина Виница.

Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА 2 програмата од програмски акциски документ за 2017 година, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.