Челим од Италија, Ромскиот Ресурсен Центар и општина Виница продолжуваат со активностите за подобрување на квалитетот на домување на Ромите во општина Виница.
Комплетно е завршена првата фаза од активноста за реконструкција на куќите на социјално загрозени семејства од ромската заедница во општина Виница. Во оваа фаза беа опфатени првите девет куќи кои беа најоштетени и имаше потреба од ургентна интервенција.
Овие семејства веќе се сместени во нивните домови, во подобрени и поквалитетни услови за живеење. Радоста и среќата на овие семејства не може да се измери со ништо. Нивните домови не се ни приближно како претходно, стари, истрошени, со влага, оштетени кровови, стари врати и прозори, несоодветни подови, итн.
На овие семејства им се обезбеди втора шанса за соодветно живеење како што е достоинствено за еден човек.
Во прилог следат слики пред интервенцијата и после интервенцијата од првите девет куќи.
Куќа број 1:
Пред интервенција
После интервенција
Куќа број 2:
Пред интервенција
После интервенција
Куќа број 3:
Пред интервенција
После интервенција
Куќа број 4:
Пред интервенција
После интервенција
Куќа број 5:
Пред интервенција
После интервенција
Куќа број 6:
Пред интервенција
После интервенција
Куќа број 7:
Пред интервенција
После интервенција
Куќа број 8:
Пред интервенција
После интервенција
Куќа број 9:
Пред интервенција
После интервенција
Во тек е реконструкција на дополнителни 13 куќи, со што вкупно ќе се реновираат 22 куќи на најзагрозените семејства од ромската заедница во општина Виница.
Активностите се имплементираат во рамките на проектот „Обезбедување пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница – СДХ Виница„.
Проектот го имплементираат Челим од Милано – Италија, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и општина Виница.
Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА 2 програмата од програмски акциски документ за 2017 година, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.