Ромскиот Ресурсен Центар започна нов проект „Зајакнување на вештините за јазична и нумеричка писменост кај Ромите“ РОМА ПЛУС

Ромскиот Ресурсен Центар започна со имплементација на проектот РОМА ПЛУС.

Проектот „Рома плус“ има за цел развој на ново напредно искуство за врсничко учење на возрасни Роми (со слаба писменост), зголемување на атрактивноста на обуката и намалување на стапките на напуштање кај ромската популација, истовремено подобрување на вештините и компетенциите на возрасните обучувачи/наставници во употреба на нови техники за обука на возрасни, прилагодени на потребите и особеностите на нискописмената возрасна ромска популација.

РОМА ПЛУС НИЗ БРОЈКИ

  • Најмалку 60 возрасни Роми со зголемени вештини за описменување;
  • Најмалку 100 ученици Роми кои имаат корист од нивното учество во платформата Massive Open Online Courses (MooC);
  • Најмалку 3 ромски претставници и здруженија кои дејствуваат како „амбасадори“ за да го шират зборот и да ги сензибилизираат другите
  • Најмалку 10 обучувачи/наставници за возрасни кои имаат изграден капацитет;
  • Најмалку 9 учесници со помалку можности кои ќе бидат водени и поддржани од постапката за настава/обука за возрасни на Рома плус;
  • Најмалку 6 основни невладини организации и релевантни чинители опремени со нови вештини, знаења и ресурси кои можат подобро да им помогнат на Ромите.

РОМА ПЛУС ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ:

  • Зголемено прифаќање на возрасните Роми преку нивните подобрени вештини за описменување;
  • Три (3) интелектуални резултати;
  • Една (1) заедничка обука на тимот;
  • Четири (4) транснационални состаноци, вклучувајќи го и почетниот состанок и завршната конференција;
  • Четири (4) мултипликаторнастани, вклучувајќи и финална конференција;
  • +170 Возрасни Роми (ученици и едукатори) ќе ги подобрат своите вештини и знаења;
  • 100 постери и 500 брошури/летоци по партнер што ќе бидат доставени до крајните корисници и самите корисници.

Времетраењето на РОМА ПЛУС проектот е 24 месеци во периодот од 01 ноември 2020 до 31 октомври 2022 година

Конзорциумот е составен од следните партнери:

ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ ГРУПИ РОМСКИ РЕСУРСЕН ЦЕНТАР СКОПЈЕ (Северна Македонија)

Симплексис (Грција)

BK Consult GbR (Германија)

АМАЛИПЕ (Бугарија)

Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС+ КА2 – Соработка за иновации и размена на добри практики. Стратешки партнерства за образование на возрасни од Националната Агенција на Република Северна Македонија.