Се поставуваат вратите и прозорите на првите девет реновирани куќи на социјално загрозени семејства во ромската населба во општина Виница

Челим од Италија, Ромскиот Ресурсен Центар и општина Виница продолжуваат со активностите за подобрување на квалитетот на домување на Ромите во општина Виница.

Веќе е во фаза поставување на прозори и врати на првите девет куќи со кои се заврши со фазата на реконструкција на крововите и санација на поголемите работи во куќите. Паралелно се работи и на внатрешното уредување на куќите со гипс картони и молерисување. По завршување на поставувањето на вратите и прозорите ќе се продолжи со молерисување и фарбање на надворешниот дел од куќите. Ова е првата фаза за реконструкција на куќите на најзагрозените ромските семејства во општина Виница. Со реконструкција на реновирање ќе бидат опфатени вкупно 22 куќи во ромската населба во општина Виница.

Овие активности се спроведуваат во рамки на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница -СДХ“. Во наредниот период следи реконструкција и на останатите 15 куќи.

Дополнително веќе отпочна и процесот на легализација на куќи на социјално загрозени семејства од ромската заедница кои долго време чекаа да се реши нивниот статус, а не беа во можност поради финансиски проблеми. Во овој момент е завршена легализација на првите 15 куќи. Во наредниот период ќе се работи на легализирање на уште 40 предмети кои до крајот на месецот ќе се завршат. Со тоа, овие семејства ќе се стекнат со решение за легализација и имотен лист за нивните домови. Во текот на имплементацијата на проектот треба да бидат решени вкупно 255 домакинства и да им се обезбедат имотни листови.

Проектот го имплементираат Челим од Милано – Италија, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и општина Виница.

Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА 2 програмата од програмски акциски документ за 2017 година, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.