Изготвен водичот за учење на возрасните

Во рамките на проектот „Зајакнување на писменоста и математичките вештини кај возрасните Роми – Рома плус“ партнерите изготвија Водич за тренери за учење на возрасните. Овој водич е наменет за сите едукатори, тренери и експерти кои работат со образование на возрасни.

Водичот се состои од следните елементи:

  1. Структура на тренинг курикулумот;
  2. Опис на модулите;
  3. Потреби за учење и едукација кај Роми возрасни;
  4. Инклузивни методологии за учење и стратегии за тренинг;
  5. Принципи за учење на возрасните и практични совети;
  6. Вештини за врсничко учење за тренери и едукатори;
  7. Материјали за врсничко учење.

За дополнителни информации кои може да ве интересираат можете да најдете во Водичот за тренери за образование на возрасни: IO2_task 2.3 Водич за тренери/едукатори