Купувајте знаење…

Да не звучи клише, но „Знаењето, стварно е моќ“. Денес, во време на целосна, глобална поврзаност и лесна достапност на информации од секаков вид, единствен начин да се биде пред вашиот конкурент, како и да постигнете напредок и развој, мора да инвестирате во едукација и знаење. Некои го поистоветуваат зборот ЕДУКАЦИЈА со „Култура и Цивилизација“. Оттука степенот на култура и цивилизираност на една нација е одраз на нивото на едукацијата кај тој народот.

Колку едукацијата и знаењето се важни, е и овој пример со кој дефинираат 5 нивоа на авторитет:

5 ниво – СИЛА (нормално, најниско ниво. Оттука потекнува познатото “Каде има сила, нема правдина“).

4 ниво – ХИЕРАРХИЈА / Титула (вашиот претпоставен има поголем авторитет од вас, без разлика на неговиот квалитет на работење).

3 ниво – ПАРИ (нажалост, посебно кај нас, на тој што има пари му се придава и поголемозначење).

2 ниво – МОЌ (економска, социјална, политичка).

1 ниво – ЕДУКАЦИЈА / ЗНАЕЊЕ (еден хипотетички пример за најдобро да ви го објаснам значењето – доколку Трамп седне со Ајнштаин на маса, поголем респект ќе биде Трамп кон Ајнштан, отколку обратно).

Со едукацијата (некој тоа многу убаво го кажал) ти се отвораат нови видици, нови перспективи и колку повеќе учите, толку повеќе гледате колку не знаете.

  • Едукацијата е развој 
  • Едукацијата е просперитет 
  • Едукацијата е конкурентност
  • Едукацијата е квалитет на живеење
  • Едукација е напредување во вашата кариера
  • Едукацијата е тренинг за вашиот мозок и ни помага во процесот на размислување, креирање став и донесување на одлуки. 
  • Едукацијата е слобода (слобода на размислување, слобода на изразување, слобода на живеење)
  • Едукацијата е одговор на сите економски, политички, мулти-културни, социјални и др. прашања и проблеми со кои се соочуваме.

 

Од каде може да црпите знаење

  • Интернет:  Море од информации. Најдете барем половина час на ден да прочитате нешто ново во вашата област. Регистрирајте се на бесплатни е-магазини и весници.
  • Книги: Сите немаме време за читање, но пробајте да најдете некоја област што ви е интересна и почнете да читате.
  • Обуки: Не чекајте само вашата компанија да ве прати на некоја обука. Инвестирајте сами ако сметате дека ќе ви помогне во вашиот личен развој.
  • Настани (Networking): Посетувајте што повеќе настани од вашата област и интерес, а и не само од вашата област и интерес.
  • Филмови: отсега наместо само да го гледате филмот колку да ви помине време, пробајте да најдете нешто што ќе извлечете корисно и поучно.
  • Луѓе: Постари, помлади, повисоки, пониски, колеги, претпоставени, родители, пријатели, дечко, девојка…Од луѓето околу вас може да научите многу работи. Отворете ги очите и ушите и украдете го нивното знаење, и најважно од се пробајте да научите колку е можно повеќе од нивните грешки.

 

„Доволно добро“ не е доволно денес. За да се промени нешто, мора да работиме подобро и да сакаме да постигнеме повеќе од „доволно“. Не смееме да се задоволуваме само со работи кои се просечни или под просечни, бидејки тогаш и вашите резултати ќе бидат (под)просечни.
Купувајте знаење…немојте да штедите да инвестирате во знаење, бидејќи тое е единственото нешто што никој не може да го земе од вас, а само ве прави поголеми, поуспешниипоценети.