Пакети со храна и хигиенски средства денеска добија 100 ромски семејства во населбата Блок 18 во Виница. Помошта ја поделија невладините ЧЕЛИМ и Ромски ресурсен центар, во соработка со Општина Виница. Ова е дел од проектот „Обезбедување пристојни услови за домување за ромската заедница во Општина Виница – СДХ“, финансиран од Европската Унија.
Со оваа помош беа опфатени семејства чија социјална и економска состојба се влоши уште повеќе со појавата на пандемијата со вирусот Ковид-19.