Жртвата иако во повеќе наврати го пријавувала насилникот и укажувала дека е во опасност дека може да биде убиена од насилникот.
Повторно се повторува истото: институциите ЈО, МВР и ЦСР иако за истото знаеле – повторно не постапиле иако се одговорни да постапуваат. За истото мора да има одговорност


Ова е системско затајување


Воедно РРЦ ја користи приликата да Ве повика утре, 18 септември, со почеток во 17:30 часот да допринесеме со масовност на протестот пред МВР и блокада кај Жена Парк Борец во 18:00 часот, како заеднички крик против колективниот крах на системот кој дозволува да се случува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди.
Секое игнорирање на пријавите е директна закана по живот.
Животот на оваа жена жртва можеше и мораше да биде спасен.
Ве повикуваме колективно да ги обжалиме сите девојки и жени кои изминативе години беа убиени од страна на поранешни или сегашни интимни партнери, зашто институциите и заедницата ги игнорирале нивните повици за помош.
Ве повикуваме да излеземе на улица – онаму каде што насилниците слободно чекорат и просперираат, додека жените се плашат за своите животи!
Ве повикуваме да кажеме јавно и гласно дека насилството врз жените и фемицидите се неприфатливи!
Да дадеме поддршка на жртвите на насилство и заедно да кажеме „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“
Секој глас е важен. Дојди и ти кажи гласно дека женските животи не се безвредни!
Четврток, 17:30ч. пред главниот влез на МВР (ул. Димче Мирчев бр.9)

