Во рамките на проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки“ – РОМАНСЕ, Ромскиот Ресурсен Центар изготви брошура со добри практики за социјални претпријатија во ЕУ и Северна Македонија кои таргетираат жени од ранливи категории вклучувајќи и жени Ромки.
Брошурата е изработена во партнерска соработка со следните организации:
- Иницијатива на жени од општина Шуто Оризари;
- Symplexis од Грција
- DIESIS Network од Брисел
Проектот финансиски е поддржан од Европската Унија.
Целта на оваа брошура е да се овозможи збир на позитивни практики за социјални претпријатија насочени за економско зајакнување на жени од ранливи категории вклучувајќи и жени Ромки.
Дополнително оваа брошура поттикнува и дава дополнителна мотивација за развивање на нови модели на социјални претпријатија со цел промовирање на социјалното претприемништво како модел за економско зајакнување на жените Ромки и нивно вклучување на пазарот на труд.
Брошурата со добри практики може да се превземе тука:

