Здружението за поддршка на маргинализирани групи Ромски Ресурсен Центар –
Скопје и Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово објавуваат
Повик за ангажирање на тутори за реализација на туторска поддршка за ученици
Роми кои учат во основно образование во општина Штип, Дебар и Тетово.
Овој повик се реализира во рамки на втората година од имплементацијата на
проектот:
„Зголемување на пристапот и вклучување на децата Роми во раниот детски развој и
основно образование во Северна Македонија”, финансиски поддржан од Европската Унија, а менаџиран од Ромскиот Образовен Фонд – Букурешт.Целта на проектот е да се придонесе кон зголемување на проодноста и образовните резултати кај учениците Роми во прво одделение во основното образование. Во рамките на проектот ќе се обезбеди дополнителна
туторска поддршка за предметите Мајчин јазик (македонски/албански) и Математика.
За таа цел, Ромскиот Ресурсен Центар и Сонце од Тетово распишуваат повик за избор во општина Штип, Дебар и Тетово. По завршувањето на проектот, на секој тутор ќе му биде издадена потврда/сертификат за учество во реализацијата на програмата. Избраните тутори ќе поминати низ тренинг за јакнење на капацитетите за соодветно спроведување на туторската програма.
1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА ТУТОРИ
Право на пријавување имаат кандидати кои ги исполнуваат следните услови:
Да се студенти (втора, трета, четврта година), апсолвенти или дипломирани на
акредитирани факултети во Република Северна Македонија;- Да се државјани на Република Северна Македонија;- Предност имаат кандидати со повисок среден успех од положени испити;
– Предност имаат кандидати кои претходно биле ангажирани како тутори во слични
проекти на РРЦ, Сонце или други здруженија.
2. ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ
– Мотивација за работа со деца од маргинализирани групи;
– Развиени вештини за работа со деца;
– Способност за тимска работа;- Организациски способности;
– Високо ниво на одговорност.
3. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Пријава за тутори (преземи тука: https://forms.gle/hbyWrkiWei9ZRXzj9)
* Професионална биографија (CV);
* Уверение за положени испити или принтана верзија од електронски индекс со
оцени;
* Друга документација што кандидатот смета дека е релевантна.
4. НАЧИН И РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Комплетната документација се доставува на:
info@rrc.org.mk или по пошта на адреса: Ромски Ресурсен Центар, Ул. Македонија 13
5/1, 1000 Скопје
Краен рок за пријавување: од 01.10.2025 до 20.10.2025,
Контакт за дополнителни информации:
Незир Усеини – Координатор на проектот: 070/584-991
Сејнур Сефер – Асистент на проектот: 075/978-708
Во прилог јавниот повик во целост:
