РРЦ го објави јавниот повик за тренинг за жени Ромки за социјално претприемништво

Проектот „Социјално претприемништво за жени Ромки“ има за цел да ги зајакне жените Ромки кои имаат интерес и желба да бидат економски силни преку нивно вклучување на пазарот на трудот и искористувајќи ги сите можности за нивна интеграција особено концептот за Социјално претприемништво.

За таа цел, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, Иницијативата за прават на жените од Шуто Оризари, Symplexis од Грција и DIESIS Network од Брисел го имплементираат овој проект со цел да придонесат кон социо-економско зајакнување на младите жени од ромската заедница.

Во рамките на проектот се организира тренинг за зајканување на капацитетите на жените Ромки. Преку овој тренинг ќе се овозможи млади жени Ромки од 10 општини да поминат 25 часовна тренинг програма и да бидат подготовени да се вклучат во социјалното претприемништво па дури и да започнат свои социјални претпријатија.

Се повикуваат сите млади жени Ромки на возраст од 18 – 40 години да се вклучат во овој тренинг и да го започнат процесот на нивно економско зајакнување!

Со пополнување на оваа апликација ќе бидете потенцијален учесник во оваа сеопфатна програма која има за цел да ве научи нешто ново, нешто дополнително како да бидете економски посилни и да ги разберете новите можности кои се нудат за да бидете попрофатени за ново работно место, па дури да можете да водите и свој сопствен бизнис!

Заинтересираните кандидате можат да се пријават преку следниот линк: https://forms.gle/dpQhvQXUBJYtvRvS6

Во прилог следува јавниот повик со сите детали за програмата за зајакнување на капацитетите на жените Ромки за Социјално претприемништво:

Јавен повик_тренинг жени Ромки

За дополнителни информации слободно можете да не контактирате на следните контакти:

Сејнур Сефер

е-маил: sejnur.ssfer@gmail.com

Контакт телефон: +389 75 978 708