Јавна реакција !!!
Недовербата во институциите или стравот од дискриминација кај жените Ромки е најчеста причина да се обесхрабрени да пријават дека се жртви на семејно насилство. Ова е еден од резултатите кои произлезе во делот на заклучоци при изготвувањето на Националниот Извештај за Родово Базирано Насилство кој го направи РРЦ во текот на 2024 година во рамки на проектот RoW-Power .
Фемицидот кој што се случи во Ш. Оризари во текот на викендот (03.05.2025) е најтешката форма на злосторство од омраза врз жените, најстрашна последица како феномен во родовото базирано насилство. Оваа треба да е аларм до сите засегнати институции кои треба да ги заштитат жртвите (Центрите за Социјални Работи, МВР и ЈО), а не да молчат или да потфрлат. На крајот неминовен и потребен е целосен ресет на системот кој треба да ги заштити жртвите а не да ги обесхрабрува.
За да се случи овој ресет мора сите да допринесат кои се дел од синџирот на засегнати страни како што се: НВО-ите, Шелтер Центрите, Медиумите, Ромите Медијатори, МТСП со ЦСР,МВР, Ромската Заедница и сите други чинители кои работат на ова прашање мора да реагираат доволно гласно , силно и заеднички со цел да престанат да ни се случуваат вакви трагедии во Ромската Заедница.
Воедно изразуваме искрено и длабоко сочувство до најблиските на жртвата.

