Здружението за поддршка на маргинализирани заедници – Ромски Ресурсен Центар (РРЦ) – Скопје, од 16-ти јануари 2017 година почна со имплементација на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ со референтен број: IPA/2015/382038. Проектот се спроведува во партнерство со Family and Childcare Centre (KMOP) од Грција.
Проектот е дизајниран да го зајакне граѓанското општество во Македонија и да придонесе кон подобра заштита на детските права, особено да обезбеди еднаков пристап за децата од Ромската заедница до квалитетно образование преку формалниот образовен систем во државата. Проектот ќе се имплеменира во 9 општини во Македонија (Шуто Оризари, Чаир, Топаана, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Тетово и Виница) каде што има поголем број на ромско население.
Во рамките на проектот е предвиденa поддршка на локални граѓански организации кои работат на инклузија на ромската заедница преку доделување на мали грантови. За таа цел Ромскиот Ресурсен Центар организира инфо сесија за граѓанските организации, која ќе се оддржи на 09.11.2017 (четврток), со времетраење од 11:00 до 14:00 часот во просториите на ЕУ Инфо Центарот.
На инфо сесијата ќе бидат презентирани сите детали и информации поврзаниот со грантовата шема и јавниот повик за мали грантови.
За учесниците надвор од Скопје ќе бидат покриени патни трошоци исклучиво во износ на повратен автобуски билет.
Учеството на инфо сесијата треба да се потврди најдоцна до 01.11.2017.
Лице за контакт за било какви прашања и информации: Фатош Усаинова – Координатор на проектот
Телефон: 076 451 220
Е-mail: fatos.usainova@rrc.org.mk
Проектот е финансиран од Европската Унија и се имплементира во рамките на ИПА програмата Civil Society Facility and Media Programe 2015 (Reference: EuropeAid/151569/DD/ACT/MK) која е менаџирана од страна на Делегација на Европската Унија во Република Македонија.