На ден 05.02.2020 претставници од Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта беа во посета на ЈОУДГ 8-ми Април, во Шуто Оризари каде се спроведува проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на деца Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование”
Во рамки на посетата се реализираа состаноци со воспитувачки, негователки родители, како и со директорката на градинката.
Целта на состаноците беше да се поразговара за текот и имплементацијата на проектот како и за предизвиците и проблемите и нивно надминување
Проектот го спроведува Ромскиот Ресурсен Центар во партнерство со Асоцијацијата за демократски развој на Ромите – Сонце, а е финансиран од Европската Унија и раководен од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта. Проектот ги опфаќа општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.