Средба со Заменик претседателот на Владата на Република Македонија
Претставници од Ромскиот Ресурсен Центар остварија средба со Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, д-р Арбр Адеми.
На средбата, Вицепремиерот Адеми, во името на Владата на Република Македонија упати честитка до двете организации РРОМА и Ромски Ресурсен Центар – добитници на наградите за спроведувањето на проекти за вклучување и интеграција на ромските деца и млади луѓе.