Реализација на активности од проект: „ Ние градиме мост за нашата иднина“

 Реализација на активности од проект: „ Ние градиме мост за нашата иднина“

Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ – Скопје во рамки на проектот „Ние градиме мост за нашата иднина“ периодов ги реализираше планираните активности кои опфаќаа спроведување на предавања од областите: „Човекови права и малцински права“, „Конфликти и разрешување на конфликти“ како и дебати на теми поврзани со реализираните предавања и меѓуетничката толеранција. Благодарност до вклучените училишта ООУ„26 јули“-Скопје, ООУ„Браќа Рамиз-Хамид“-Скопје и СУГС ,,Шаип Јусуф,, за особениот придонес и активното вклучување и поддржување на проектните активности.