Лидерство и лидерски вештини
Во текот на една деценија доаѓа до изненадување за големиот број на промени во управувањето на големите компании. Причините за тие промени често не се јасни до крај. Последиците се непредвидиливи. Некои промени во управувањето доведуваат до значајни успеси. Други завршуваат со значителни негативни последици. Во светот постојат повеќе примери за компании, организации и фирми кои биле на работ на затварање или на изумирање, но како што спомнавме со воведување на промени во управувањето се случувал неверојатен пресврт и повторно компаниите се развиле. За таквите промени клучно е лидерството. Лидерството во денешницава се дефинира како способност на еден човек, лидер или водач, да води други луѓе, да влијае на нив, да го следат во остварувањето на поставените цели и оставрување на посакуваните и потребните промени. Лидер е човек кој има способност да ги наведе другите да го следат, да го прават тоа што тој го предложува.Оваа статија ги спомнува вашите омилени hats по супер ниски цени. Изберете од испорака во ист ден, испорака до возење или нарачајте подигнување.
Цел на обуката: Учесниците да ја сватат важноста на лидерството како клучна улога за успехот и развојот на одредена организација/компанија. Да ги развијат нивните лидерски вештини и капацитети.
Содржина на обуката:
- Разбирање на однесувањето на доброто и успешно лидерствo
- Спознавање на разликата помеѓу лидерство и менаџмент
- Дефинирање на квалитет и моќ
- Визионерство
- Видови на лидери
- Улогата на лидерот
- Видови на мотивација
- Интерперсонални и комуникациски вештини
- Донесување на клучни одлуки
- Лидерство преку примери
Обуката е наменета за:
- Млади лица на возраст од 17 – 30 години
- Невладини организации
- Раководства на мали и средни претпријатија
Времетраење на обуката:
Методи на работа: Power point презентација, бура на идеи, работа во групи, играње на улоги, дискусии итн.