Мали грантови
за
Ромски и про-ромски граѓански организации кои се активни во процесите на инклузија на ромската заедница и ЕУ интеграциите на Република Северна Македонија
ПРОГРАМА
За унапредување на инклузијата на ромската заедница преку поддршка на процесот за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија
Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце од Тетово во соработка со Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, РАЖМ „Лулуди“ Скопје и Симплексис од Грција преку проектот “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ” реобјавува:
ПОВТОРНО ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ
За финансирање на локални мали организации активни во областа на инклузијата на ромската заедница и процесите за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија во рамките на проектот „Ромско граѓанско општество за пристапување кон ЕУ“ финансиран од Европската Унија.
Овој повик се објавува по втор пат само за граѓански здруженија Ромски и не-Ромски кои работат на поддршка на инклузија на ромската заедница кои делуваат на ниво на општините Куманово и Велес и се регистрирани како здруженија на територијата на општините Куманово и Велес.
Во рамките на овој повик ќе се поддржат минимум 1 (еден), а најмногу 2 (два) проекти во општините Куманово и Велес. Износот кој ќе се додели во рамките на овој повик е 5,000 ЕУР, со што ќе биде/ат поддржан /и проект/и со буџет кој е во износ од 2,000 ЕУР до 5,000 ЕУР.
Краен рок за поднесување на предлог проекти е: 21ви март 2025, до 16:30 часот.
Деталите за повикот можете да ги најдете во Упатството за апликанти кој заедно со другите документи за аплицирање може да се превземат од следните веб страни: www.sonce.org.mk, www.rrc.org.mk, www.luludi.mk, www.symplexis.eu и www.roma4eu.mk.
За било какви прашања поврзани со повикот, заинтересираните апликанти може да се обратат на следниот е-маил: romacsos4eu_grants@rrc.org.mk, најдоцна до 16ти март 2025 година до 16:30 часот.
Документи: