Ромски Ресурсен Центар-РРЦ почнувајки од август 2011 започна со имплементација на проектот “Пристап на студенти Роми до студентски домови”. Проектот финансиски е подржан од Интернационална програма за пордршка на високото образование – IHESP.
Ромски Ресурсен Центар-РРЦ почнувајки од август 2011 започна со имплементација на проектот “Пристап на студенти Роми до студентски домови”. Проектот финансиски е подржан од Интернационална програма за пордршка на високото образование – IHESP.
Во нашата држава секоја година се запишуваат над 300 студенти Роми. Од сите тие само 15-ина студенти се сместуваат во студентските домови. Не постојат официјални истражувања кои ќе покажат која е причината поради која е мала бројката на сместени студенти Роми во студентските домови шурум земјата. Студентските организации веруваат дека причината лежи во неаплицирањето на конкурсот за сместување, условите во студентските домови, дискриминацијата, а можеби пак и самите студенти Роми имаат предрасуди за сместувањето во студентски дом.
Проектот се реализира воглавно во две општини општини: Скопје и Штип, каде таргетирани се 4 студентски домови (3 во Скопје и 1 во Штип). Во овие два градови студираат поголемиот број на студенти Роми кои студираат надвор од своето место на живеење. Дел од активностите ке бидат имплементирани и во други градови: Тетово, Прилеп, Битола и Кочни.
Време на траење: Септември 2011 – Октомври 2012
Главна цел на проектот е подобрување на пристапот на Студенти Роми до 4 студентски домови во Р. Македонија.
Задачи на проектот:
- Да ги проанализира постоечките практики на пристапот на студентите до студентските домови;
- ДА го зголеми бројот на Роми студенти кои ќе аплицираат во студентски дом за 30 %;
- Да го зголеми бројот на Роми студенти сместени во студентските домови за 20 % во академската 2011/2012
Директни корисници:
- 100 студенти Роми кои ќе пополнат апликација за сместување во Студентски дом, како и други студенти Роми кои студираат надвор од нивното место на живеење, а не аплицирале за место во студентски дом.
Индиректни корисници:
- 4-те студентски домови во Скопје и Штип;
- Родителите на Ромите студенти.
Активности на проектот:
1. Истажување
Истражувањето ќе биде спроведено во 5 града: Скопје, Штип, Тетово, Битола и Кочани, каде студираат поголемиот број на студенти Роми. Роми студенти, универзитетите, и постоечките домови во овие градови ке бидат посетени. Околу 250 студенти и 20 одговорни лица на релевантните институции(иниверзитети, студентски домови, Студентска унија) ке бидат интервјуирани. Истражувањето ке го одреди нивото на влезноста на Ромите студенти до домовите, условите, критериумите, како и пречките за малиот број на Роми студенти кои се сместени
2. Датабаза софтвер
Датабазата ке биде базирана на претходно развиен прашалник и ќе содржи инфорамции од истражувањето. Преку развиениот софтвер ќе добие можност таа да биде надополнувана контиунирано. Софтверот ке биде искористен за добивање на информации поврзани со студентите, да се препознаат прашања кои ќе бидат застапувани, и ќе отвори можност за полесна анализа на успешноста на студентите.
3. Фокус групи
Фокус групите ке бидат организирани од групи на учесници: ученици од средно образование кои се заинтересирани да се запишат на универзитетите, студенти кои студираат во прва и втора година на студии. Тимот ќе настојува и ке се бори да одржи гендер еднагвост во фокус групите.
4. Локални Тимови
Од учесниците од фокус на групата ке бидат таргетиррани и изберени два локални тимови (Скопје и Штип). По 10 студенти ке учествуваат во секој од тимовите. Тимот ке определи локални промотори на еднаква и адекватна распределба на местата во студентските домови.
5. Јавни настани
Проектните тимови ке организираат 4 кружни маси (две по град) во Скопје и Штип, со цел да го издигнат на поголемо ниво прашањето за малиот број на сместени студенти во студентски домови во агендите на универзитетите. Репрезентативите на Универзитетиет, Студентските унии и локалните власти и студентите ќе бидат поканети да присуствуваат на настаните.
6. Маркетинг материјал
Флаери, брошури и маици ке бидат испринтани и поделени помегу Ромите студенти, факултети, и локалните Ромски НВО-а во таргетираните градови.
7. Медиумска кампања за подигање на свеста
Проектниот тим ке спроведе мас-медиумска кампања таргетирана кон Ромите студенти и нивните родители за подигање на свеста за нивно вклучување во студентските домови. Кампањата ке биде спорведена преку делење на промотивен материјал и различни други активности кои се планирани да се имлементираат во Скопје и Штип.
8. Обезбедување на подршка за вклучување во студентските домови
Проектниот тим преку двата локални тима ке заснова механизам за спроведување на подршка за 80 студенти кои ке бидат заинтересирани да пополнат апликација за студентски домови.
9. Последователни активности и мониторинг на вклучените студенти
Проектиниот тим ке обезбеди follow-up, како и мониторинг на пополнети апликации во соработка со министереството за Образование.
10. Финален извештај
Тој ќе ги содржи наодите од истражувањето, препораки и заклучоци од тркалезните маси и мониторингот. Публикацијата ќе биде преведена на англиски јазик.
Одржливост на проектот:
Откако ке се направат локалните тимови и ке се анимираат број на студенти Роми, ке бидат создадени услови за идни независни студентски движења за промоција и вклучување во студентски домови, како и ефективно пријавување на злоупотреби до релевантните институции.