Проект „Обезбедување на пристојни услови за домување на ромската заедница во општина Виница“

Здружението за поддршка на маргинализирани заедници – Ромски Ресурсен Центар (РРЦ) во соработка со CELIM (Centro Laici Italiani per le Missioni) од Италија, Милано и општина Виница  од Ноември 2019 година почнаа со имплементација на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница – СДХ“.

КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Име на проектот: Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница – СДХ.

Главна цел: Да се придонесе кон постигнување на намалување на социо-економските разлики со кои се соочуваат Ромите со лошите услови за домување и условите во кои живеат.

Специфична цел: Во рамките на „Локалниот Акцискиот План на општина Виница да се подобрат условите за живеење на 245 семејства во неформалната област блок 18 во урбанистичниот план на општина Виница.

Целна група:

  • Со препорака за неформалната област во блок 18 каде што живеат Ромите во рамките на урбанистичкиот план на општина Виница:
  • 177 Ромски семејства кои го почнале процесот на легализација на нивните домови, но се уште не го добиле решението за легализација;
  • 68 Ромски семејства кои воопшто не почнале со процесот на легализација;
  • 22 Ромски семејства кои живеат во лоши услови и се приоритет за реновирање на нивните куќи.

Крајни корисници:

  • 1638 Роми кои се дел од 260 таргетирани семејства;
  • Ромската заедница од блок 18;
  • 19,938 граѓани на општина Виница.

Локација на имплементација на проектот:

Проектот се имплементира во општина Виница

Период на имплементација на проектот:

Проектот ќе се имплементира 26 месеци во периодот од 01.11.2019 до 31.12.2021 година.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Резултат 1 – Ажуриран и унапреден урбанистичкиот план на општина Виница поврзан со областа блок 18 каде што живее ромската популација и истиот е усвоен од општината и е ефективен;

Резултат 2 – Легализација на целата Ромска населба во областа блок 18 и целосно обезбедена регистрација на сопственоста на имотот во Катастар;

Резултат 3 – Лошите и нездравите услови за живот дефинтивно се подобрени на 22 семејства во областа блок 18.

Активности:

W.P. 1 – Одобрување и имплементирање на ажурираните релевантни урбанистички планови.

1.1. – Воспоставување на консултантски тим од интернационални и локални експерти за урбанистичко планирање;

1.2 – Елаборирање на документите за урбанизација и нивно ажурирање.

W.P. 2 – Легализација на целата неформална област блок 18.

2.1 – Воспоставување на консултантски тим од локални експерти за Легализација на сопственоста на куќите и имотот на Ромите во областа блок 18.

2.2 – Официјална регистрација во катастар и доделување на имотни листови за сопственост на домовите и имотот на ромските семејства.

W.P. 3 – Реновирање на 22 куќи и подобрување на условите за живот на 22 семејства

3.1 – Спроведување на реновирање и реконструкција на 22 куќи кои се во сопственост на најзогрезените Ромски семејства.

3.2 – Регенерација на инфраструктурата во областа блок 18.

 

Проектот се имплементира во рамките на програмата нa Европската Унија за поддршка на социјалната инклузија на Ромите во Република Северна  Македонија

референтен број EuropeAid/162627/DD/ACT/MK и буџетска линија: 22.020102

Број на договор: IPA/420-326