Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта во посета на проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на деца Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование”

 

На ден 05.02.2020 претставници од Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта реализираше состанок со проектниот тим на проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на деца Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование”. За време на состанокот се разговараше за тековните и идните активности на проектот како и за предизвиците и проблемите и нивно надминување, се со цел унапредување на целокупната имплементација на истиот.

Проектот го спроведува Ромскиот Ресурсен Центар во партнерство со Асоцијацијата за демократски развој на Ромите – Сонце, а е финансиран од Европската Унија и раководен од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта. Проектот ги опфаќа општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.