Ромскиот Ресурсен Центар – РРЦ Скопје во партнерство со 5 невладини организации од Романија, Грција, Шпанија, Германија и Ирска го спроведува проектот ASUN ME, кој е финансиран во рамките на програмата ERASMUS+. Проектот започна со имплементација на 10.01.2024 година и ќе трае до 09.10.2026 година.
Буџетот на проектот е 250.000,00 евра.
Ašun Me е европски проект дизајниран да ги поддржи младите Роми заинтересирани за политичко учество, млади нкои сакаат да се стекнат со дополнително знаење, подобар пристап и надминување на социјални бариери, за да обучуваат и развиваат вештини и да работат со младински работници, млади кои се креатори на политики и политички актери, за да дискутираат/покренуваат прашања за предизвиците и решенијата за проблемите на ромските заедници, како и да учествуваат во процесите на застапување, следење и креирање политики. Дополнително, активностите на проектот охрабруваат за споделување на идеите, проблемите и потребите на ромското население на локално, национално и регионално ниво, паралелно со предлог решенија.
Проектот, исто така, има за цел да ги зајакне алатките, практичните вештини и знаењето на младинските работници во поддршката на младите Роми, особено во поттикнувањето на нивното политичко учество. „Ашун Ме“ ќе им обезбеди на младите Роми и младинските работници потребни алатки и практично искуство за ефикасна соработка. Оваа соработка ќе им овозможи на младите Роми активно да се вклучат и да придонесат во политичкиот живот.
Главната цел на проектот е да се подобрат вештините и капацитетите на младите Роми и младинските работници, поддржувајќи ги да:
- соработуваат заедно со заедничка методологија и да допрат до креаторите на политики
- развиваат вештини за креирање политики, следење, застапување и политичко снимање кратки филмови
- пристапуваат до креаторите на политики, ги презентираат потребите, предизвиците, перспективите за решенија во дијалог и преку уметност [кратки филмови] и учествуваат во процесите на креирање политики
- ја подобруваат соработката помеѓу младите Роми, младинските работници и креаторите на политики
Главни активности на Ašun Me
- Мапирање на активности со ТГ-ите со специфицирање на потребите за учење
- Развој на методолошки прирачник за млади Роми и младински работници
- 12 национални работилници за соработка за млади Роми и младински работници
- Развој и пилотирање на 1 програма за обука за млади Роми
- Развој и пилотирање на 1 комплет уметнички алатки за млади Роми
- Дигитални тркалезни маси со креатори на политики
- Дигитална брошура со промени во политиките
- Поднесување на 18 промени во политиките на NRIS
- Онлајн кампања
- 6 национални инфо денови за засегнатите страни
- 1 Европска конференција
Референтен број на проектот: 2024-1-RO01-KA220-YOU-000254912