На 087.-5.2024 РРЦ – Ромски Ресурсен Центар | RRC – Roma Resource Center спроведе Фокус Група за состојбата жените жртви на Родово Базирано Насилство (РБН), со посебен акцент на жената Ромка со Ромските Здравствени и Образовни Медијатори.
Оваа Фокус Група се спроведува во рамки на RoW-POWER проектот, имплементиран од страна на Ромски Ресурсен Центар Скопје. Овој проект е дизајниран да ги поддржи жените изложени на ризик од родово базирано насилство (РБН) во надминување на културните, јазичните и социјалните бариери со кои се соочуваат при пристапот до релевантните услуги за поддршка. Ова ќе се постигне со здружување на медијаторите Роми и професионалците за РБН во обид да се промовира меѓусебната размена и соработка што ќе им овозможи подобро да ги разберат, да одговорат и да ги поддржат потребите на жените Ромки изложени на ризик од РБН.
Реализацијата на оваа Фокус Група ќе даде допринос, и ќе биде од големо значење при спроведување на идните активности на проектот како и зајакнувањето на засегнатите страни за заштита и превенција на жртвите од родово базирано насилство.

