Во рамките на проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки“ – РОМАНСЕ, Ромскиот Ресурсен Центар започна со имплементација на нов проект финансиран од ЕУ за поддршка на социјалното претприемништво за жени Ромки во Северна Македонија.
Проектот „Социјално претпримништво за млади жени Ромки – Романсе“ започна со имплементација на 01 април 2024 година и ќе се спроведува во наредните 36 месеци.
Целта на проектот е да се зголеми социјалното и економското учество на младите жени Ромки преку поддршка на развојот на социјалното претприемништво, со фокус на локалните заедници во 10 општини во Северна Македонија: Шуто Оризари, Чаир/Топаана, Ѓорче Петров, Гази Баба, Тетово, Прилеп, Битола, Куманово, Штип и Кочани.
Во периодот од 36 месеци во рамките на проектот ќе се реализираат следните активности:
A1 – Градење капацитети на граѓанските организации;
A2 – Градење вештини и поддршка за млади жени Ромки во социјално претприемништво (120 обучени, 30 менторирани);
A3 – Подгрантови за локални организации (9.000–11.000 евра);
A4 – Градење партнерства (10 работни групи, акциони планови, меморандуми за разбирање);
A5 – Подигање на свеста и дисеминација (веб-страница, ТВ спот, видеа, 10 јавни настани, B2B саем) WP6 – Управување и координација на проекти;
Со проектот ќе се постигне следното влијание:
- (15) Ромски и младински граѓански организации со подобрени капацитети(вештини и/или финансиски) за поддршка на социјално претприемништво кај млади жени Ромки;
- (120) Млади Ромкисо развиено социјално претприемништво и релевантни меки вештини;
- Зголемен пристап за млади жени Ромкидо водичи и поддршка за социјално претприемништво дизајнирани да ги задоволат нивните потреби;
- Воспоставени партнерства меѓу граѓанските организации, локалните/регионалните јавни институции и постојните социјални претпријатија во 10 локациипромовирање/поддршка на социјалното претприемништво кај млади жени Ромки;
- Зголемена свест за ромските заедници, особено млади жени, за придобивките од (и промената на ставот кон) социјалното претприемништво како формално (само)вработување (5.000+ лица).
Целна група на проектот:
- Ромски граѓански организации(водени од Роми и про-Ромски) и младински граѓански организации (кои работат во областа на претприемништвото и/или поддршка на ранливи млади);
- Млади Ромки(18-29) во 10 локалитети;
- Локални/регионални јавни власти и институции,постоечки социјални претпријатија, локални организации за поддршка на бизнисот; локални заедници (вклучувајќи Роми) во 10 локалитети.
Проектот го спроведува Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје во соработка со следните партнери:
- Иницијатива на жени од општина Шуто Оризари;
- Symplexis од Грција
- DIESIS Network од Брисел
Буџетска рамка на проектот:
Вкупен буџет – 388,816.60 ЕУР,
ЕУ буџет – 349,934.94 ЕУР;
Придонес од партнерите – 38,881.66 ЕУР.
Во прилог следи one pager документ за проектот со повеќе детали:
Македонски јазик: One pager_Romanse_mk
Англиски јазик: One pager_Romanse_eng

