Проект „Социјално претприемништво за млади жени Ромки – РОМАНСЕ“

Во рамките на проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки“ – РОМАНСЕ, Ромскиот Ресурсен Центар започна со имплементација на нов проект финансиран од ЕУ за поддршка на социјалното претприемништво за жени Ромки во Северна Македонија.

Проектот „Социјално претпримништво за млади жени Ромки – Романсе“ започна со имплементација на 01 април 2024 година и ќе се спроведува во наредните 36 месеци.

Целта на проектот е да се ​​зголеми социјалното и економското учество на младите жени Ромки преку поддршка на развојот на социјалното претприемништво, со фокус на локалните заедници во 10 општини во Северна Македонија: Шуто Оризари, Чаир/Топаана, Ѓорче Петров, Гази Баба, Тетово, Прилеп, Битола, Куманово, Штип и Кочани.

Во периодот од 36 месеци во рамките на проектот ќе се реализираат следните активности:

A1 – Градење капацитети на граѓанските организации;

A2 – Градење вештини и поддршка за млади жени Ромки во социјално претприемништво (120 обучени, 30 менторирани);

A3 – Подгрантови за локални организации (9.000–11.000 евра);

A4 – Градење партнерства (10 работни групи, акциони планови, меморандуми за разбирање);

A5 – Подигање на свеста и дисеминација (веб-страница, ТВ спот, видеа, 10 јавни настани, B2B саем) WP6 – Управување и координација на проекти;

Со проектот ќе се постигне следното влијание:

  1. (15) Ромски и младински граѓански организации со подобрени капацитети(вештини и/или финансиски) за поддршка на социјално претприемништво кај млади жени Ромки;
  2. (120) Млади Ромкисо развиено социјално претприемништво и релевантни меки вештини;
  3. Зголемен пристап за млади жени Ромкидо водичи и поддршка за социјално претприемништво дизајнирани да ги задоволат нивните потреби;
  4. Воспоставени партнерства меѓу граѓанските организации, локалните/регионалните јавни институции и постојните социјални претпријатија во 10 локациипромовирање/поддршка на социјалното претприемништво кај млади жени Ромки;
  5. Зголемена свест за ромските заедници, особено млади жени, за придобивките од (и промената на ставот кон) социјалното претприемништво како формално (само)вработување (5.000+ лица).

Целна група на проектот:

  1. Ромски граѓански организации(водени од Роми и про-Ромски) и младински граѓански организации (кои работат во областа на претприемништвото и/или поддршка на ранливи млади);
  2. Млади Ромки(18-29) во 10 локалитети;
  3. Локални/регионални јавни власти и институции,постоечки социјални претпријатија, локални организации за поддршка на бизнисот; локални заедници (вклучувајќи Роми) во 10 локалитети.

Проектот го спроведува Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје во соработка со следните партнери:

  1. Иницијатива на жени од општина Шуто Оризари;
  2. Symplexis од Грција
  3. DIESIS Network од Брисел

Буџетска рамка на проектот:

Вкупен буџет – 388,816.60 ЕУР,

ЕУ буџет – 349,934.94 ЕУР;

Придонес од партнерите – 38,881.66 ЕУР.

Во прилог следи one pager документ за проектот со повеќе детали:

Македонски јазик: One pager_Romanse_mk

Англиски јазик: One pager_Romanse_eng