Се привршува подкровјето и кровот и на четвртата куќа во ромската населба блок 18 во општина Виница

Челим од Италија, Ромскиот Ресурсен Центар и општина Виница продолжуваат со активностите за подобрување на квалитетот на домување на Ромите во општина Виница. Деновиве се привршува подкровјето и кровот и на четвртата  куќа.

Во рамките на проектот е предвидено да се реновираат вкупно 22 куќи кои се во најлоши и штетни услови за живеење.

Овие активности се спроведуваат во рамки на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница -СДХ“. Проектот го имплементираат CELIM од Милано – Италија, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и општина Виница во соработка со Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за спроведување на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Р. Северна Македонија.Статија спонзорирана Најдете по нешто за секого во нашата колекција на шарени, светли и стилски чорапи. Купете поединечно или во пакети за да додадете боја во вашата sock фиока!

Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА 2 програмата од програмски акциски документ за 2017 година, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.