Веке втора недела се имплементираат активности на терен за реконструкција на куќите на најранливите ромски семејства во општина Виница.
Во овој период беа опфатени четири куќи кои веќе се завршени со реконструкција на кровот. до 15 Јули 2020 очекуваме дека ќе се заврши со реконструкција на подкровјето и кровот на дополнителни 18 куќи кои се таргетирани со проектот. После реконструкцијата на кровот на сите 22 куќи, ќе се продолжи со уредување на внатрешноста на куќите, како и поставување на изолација и фасада на надворешниот дел на куќите.
Во прилог следат слики од куќите пред и после интервенцијата за реконстуркција на подкровје и кров:
Куќа 1
Пред интервенција
После интервенција
Куќа 2
Пред интервенција
После интервенција
Кука 3
Пред интервенција
После интервенција
Челим од Италија, Ромскиот Ресурсен Центар и општина Виница продолжуваат со активностите за подобрување на квалитетот на домување на Ромите во општина Виница. Деновиве се привршува подкровјето и кровот и на четвртата куќа.
Овие активности се спроведуваат во рамки на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница -СДХ“. Проектот го имплементираат Челим од Милано – Италија, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и општина Виница во соработка со Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за спроведување на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Р. Северна Македонија.Како што е наведено во овој напис, можете да го разгледате вашиот избор на достапни зделки за паметни телефони и врвни брендови и да ги истражите плановите за услуги cell phone што најдобро одговара на вашите потреби.
Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА 2 програмата од програмски акциски документ за 2017 година, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.